Над 100 лица затрупани во свлечиште во Кина

Сподели со своите пријатели

Големо свлечиште утринава затрупа над 40 куќи и еден хотел на југозападот на Кина, а надлежните стравуваат дека под земја се наоѓаат над 100 луѓе.

Одронот на земјата и големите камења паднале врз куќи во селото Синмо утринава околу 6 часот по локално време, соопштуваат властите на провинцијата Сичуан.

Кинеските претставници наведуваат дека 141 лице се исчезнати, а затрупани се 1,6 километри пат. Спасувачките тимови извлекле три лица, од кои двајца преживеани, пренесуваат локалните медиуми.

Тричлено семејство со едномесечно бебе успеало да избега од куќата непосредно пред камењата да паднат врз нивниот дом.

ВО пребарување на теренот и спасувачките операции вклучени се 400 луѓе, меѓу кои и полициските службеници.