На земјата некогаш шетале џиновски пингвини

Сподели со своите пријатели

Фосилни остатоци од пингвини со големина на човек откриени се на Нов Зеланд, соопштува тамошниот национален музеј „Те Папа“, а тоа откритие ќе го промени размислувањето на научниците за еволуцијата на птиците.

Фосил е пронајден во карпа за која се проценува дека е стара помеѓу 55 и 60 милиони години на плажата на Јужниот остров.

Пингвините започнаа да бегаат од Антартик (видео)

Loading...

Алан Тенисон, истражувач и кусттос во новозеландскиот музеј, октирл прв делод скелетот во 2004 година. Меѓутоа, извлекувањето на коските, кои формираат нецелосен скелет од карпата морало да причека до 2015 година кога станала достапна и технологијата за тоа.

Врз основа на величината на коските научниците проценуваат дека пингвинот бил висок 165 сантиметри, што е просечна висина на човек и дека имал 100 килограми.

Денешниот најголем пингвин, царскиот пингвин, висок е 110 сантиметри и тежок 23 килограми.

Тенисон рекол дека тој фосил има огромна глобална важност со оглед дека доаѓа од периодот кога изумреле диносаурисите и се покажува дека џиновските пингвини биле меѓу првите кои се развиле.

Илјадници пингвини угинаа од глад на Антарктикот

– Тоа досега не било познато, рекол Тенисон.

Новиот вид наречен е „Kumimanu biceae“ – „Kumimanu“ на марокански јазик значи чудовишна птица, додека „biceae“ е во често на Беатриче Тенисон, позната како „Bice“, мајката на Тенисон, главниот истражувач.

Тој проект во кој биле вклучени научници од Нов Зеланд и Германија, објавен е во онлајн списанието „Nature Communications“.