На Табановце спречен обид за криумчаење медицинска опрема за прва помош

Сподели со своите пријатели

Три музички инструменти, од кои еден употребуван синтисајзер КОRG ТRITON LE, употребувана виолина со бежичен трансмитер Sennheiser EW100 и нова електрична бас гитара J i D Guitars, се откриени при контрола на македонско патничко комбе, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Loading...

Muz.instrumenti,Tabanovce

На прашање на царинските службеници, возачот изјавил дека освен инструментите наведени во АТА карнетот, пријавени за повторен увоз и неколку парчиња детска облека немаат што друго да пријават за царинска контрола, но при извршената контрола во возилото се пронајдени уште три инструменти што не биле наведени во АТА карнетот.

Минатата недела, пронајдени се и  129 комплети од кутија за прва помош, елек и триаголник, за различни патнички автомобили, откриени при контрола на  македонски автобус, што сообраќал на релација Дортмунд – Охрид, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Непријавените производи се пронајдени во патните торби на македонски државјанин, патник во автобусот.