На стјуардеса и ја намалиле платата поради килажата: Ми рекоа дека сум премногу дебела

Сподели со своите пријатели

Кога руската национална авио компанија „Аерофлот“ одлучила да ја поврзе платата на своите стјуардеси со нивните конфекциски големини, Јевгенија Магурина решила да стане на пат на тоа.

Минатата година, комплетната кабинска екипа на руската авио компанија била мерена и фотографирана.

Стјуардеста Јевгенија Магурина вели дека тогаш и било кажано дека има големи образи и гради, па дека мора да носи спортски градник. Освен тоа, истакнале дека успехот на стјуардесите зависи од големината на нејзиното тело.

– Првин бев шокирана, затоа што немаше смисла. како би можеле да ми ја намалат платата на основа на твојата големина на телото? – рекла навредената стјуардеса, која седум години минала работејќи во оваа компанија.

Многу бргу по фотографирањето и земањето мерки, во октомври забележала дека платата и е намалена за 30 проценти. Таа исто така била отстранета и од многу долги летови.

Кога се спротивставила на своите шефови и било кажано дека не ги осполнува ограничените големини кои изнесуваат конфекциски број 42. Тогаш таа одлучила да ги тужи.

Адвокатите на „Аерофлот“ се обдиеле да се одбаранат тврдејќи дека секој нејзин дополнителен килограм тежина ги зголемува нивните трошоци за гориво. Исто така тврделе дека нивната политика се однесувала на здравјето на екипажот, а не изклучиво на нивниот изглед.

Меѓутоа, судијката изјавила дека политиката за плаќање во авио компанијата е незаконска, а Јевгенија докажала дека се работи за дискриминација.

– Се надевам дека ова ќе значи дека жените ќе бидат похрабри во борбата за своите права – заклучила руската стјуардеса.