На повеќе локации во Куманово ќе се фрла светиот крст за Водици

Сподели со своите пријатели

Во сите цркви во Куманово, во петок по повод празникот Водици, литургијата ќе започне во 8 часот.

Во Соборниот храм „Свети Никола“ ќе чиноначалствува владиката на Кумановско-осоговската епархија Јосиф, а потоа ќе освети вода. Голем водосвет ќе има и во другите цркви и потоа ќе пристапат свештените лица кон фрлање на крстот во базените кои се наоѓаат во црковните дворови.

Дел од црквите ваквиот чин на фрлање на крстот ќе го извршат во реките низ кумановско, велат од Кумановско-осоговската епархија.

Крстот ќе се фрла и во Градскиот базен Куманово. Таму манифестацијата ќе започне во 12 часот, а сите заинтересирани кои ќе сакаат да учествуваат ќе треба до петок да се јават на билетарницата и да остават податоци, за разлика од црквите каде за скокање по крстот не мора да се пријавуваат.