На породувањето срцето престанало да и работи, се разбудила и сега мисли дека има 13 години

Сподели со своите пријатели

Шерон Еверет (22) од Велс, била возбудена што по втор пат ќе роди дете и на својата тригпдишна ќерка Мика ќе и подари брат.

Меѓутоа, за време на породувањето дошло до компликации. Го родила Ник, но нејзиното срце престанало да работи. За среќа, 68 минути подоцна, лекарите успеале да ја оживеат.

Татјана тврди дека била во пеколот: Одвратни суштества сечеа луѓе на парчиња (видео)

Loading...

Шенон потоа ја ставиле во индицирана кома. Кога две недели потоа се разбудила, ги шокирала семејството и пријателите. Првин почнала да ја пее песната „Like A Prayer“, а потоа „Somewhere Over the Rainbow“ кои често и свиреле во позадина. Кога ги отворила очите рекла: „Бев над виножитото“.

Наскоро било утврдено дека го изгубила памтењето, не знаела дека има деца ниту вереник.

– Отидовме во болница и чекавме да се вратиме дома со новото бебе, а сега како да имаме уште едно. На Шенон и е потребна грижа. Постојано ме нарекува „мамичка“, а кога ја прашавме каде живее ни ја кажа адресата на која живеевме кога имаше 13 години, вели нејзината мајка Никол.

Сега кога ја пуштиле од болницата за неа се грижи нејзината мајка и нејзиниот вереник Иоан. И ветил на нејзината мајка дека наскоро ќе ја види во венчаница и со него во прегратка.

Шенон не се сеќава ниту на својата тригодишна ќерка, па Иоан работи на повторна изградба на нивниот однос. најтешно им е што шенон тешко се поврзува со штотуку родениот Ник.

Во едната несреќа го изгубила видот, а во другата и се вратил (видео)

– Повредата на мозокот и го оштетила и видот. За жал, скоро ништо не гледа. Препознава само сенки, вели нејзината мајка.

Шенон се уште е приврзана за количката, но семејството се надева дека ќе може повторно да научи да оди. Веќе може, велат, да направи неколку чекори.