На петти мај започнува „Гимназијада 2016“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Од петти до седми мај Куманово ќе биде домаќин на овогодинешното издание на најголемата спортска училишна манифестација „Гимназијада 2016“ на која учество ќе земат над 500 ученици од целата држава.

Футсал, кошарка, ракомет, одбојка и фудбал во машка и женска конкуренција ќе бидат дел од овогодинешното издание на манифестација каок групни спортови, додека од индивидуалните спортови ќе биде застапена атлетиката во машка и женска конкуренција, а пливањето ќе биде организирано како промотивен спорт.

Организатор и домаќин е Сојузот на спортови на Општина Куманово, Сојузот на училишни спортови и Општина Куманово, под покровтелство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, каок и Министерството за образование и наука и Агенцијата за млади и спорт.

Повеќе детали за организацијата и текот на активностите ќе бидат соопштени на рпес конференцијата во вторник.

 

Loading...