МЗТ по шестти пат стана шампион во македонската лига

Сподели со своите пријатели

МЗТ Скопје по шестти пат стана шампион во домашната кошаркарска лига, откако вечерва славеше со 86-82 во решавачкиот натпревар против Крпош Соколи.

Мајсторката донесе максимално израмнета игра во која на крајот сепак пресуди искуството на тимот од Аеродром, кој по загубената куп-круна немаше намера да остане со празни раце сезонава. Клоф одигра фантастичен меч, но Дреновац со тројката во последната минута го реши овој натпревар, кршејќи го целосно отпорот на гостинскиот тим.

Клоф со 29 поени и Дреновац со 23 поени беа најефикасни во редовите на актуелниот шампион, додека кај Карпош соколи први стрелци во вечерашниот пораз беа Пери и Лабовиќ со по 17 поени.