МВР трага по непознат шверцер на мигранти: Во кумановско оставил Пакистанци и избегал

loading...

Вчера во 06,50 часот во непосредна близина на селото Костурник-кумановско, на мостот од автопатот од Граничен Премин Табановце – Куманово, од страна на полициски службеници за Граничен Надзор – Сопот забележани биле осум осум мигранти од Пакистан кои излегле од патничко моторно возило „Алфа Ромео“ караван, по што на даден сигнал да застане, истото го напуштило местото на настанот и се упатило во правец на магистралниот пат за Крива Паланка, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Мигрантите биле донесени во полициска станица, по што истите биле пренесени во Прифатениот центар за странци во Скопје за понатамошна постапка.

Возилото било пронајдено во село Пењуш–штипско, каде од страна на СВР Штип ќе бидат превземени дополнителни мерки за пронаоѓање, односно утврдување на лицето кое го управувало возилото како и целосно расчистување на случајот.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments