МВР со детали за сообраќајката во која загина 52-годишниот кумановец

Сподели со своите пријатели

На 19.07.2017 година околу 18.30часот на aвтопатот А1 Велес- Градско, во близина на исклучокот за село Виничани се случила сообраќајна незгода во која патнички автомобил марка „Опел- Зафира“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост и управуван од Р.Д.(52) од Куманово, изгубил контрола над возилото, излегол надвор од коловозот и се превртел во канал за атмосферски води, на длабочина од 3 метри при што, како последица на добиените повреди возачот починал на местото на настанот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Телото на починатиот е упатено на обдукција, а возилото е однесено во Станицата за технички преглед на АМСМ – Велес.

Увид на местото на настанот во присуство на Јавен обвинител извршила екипа од СВР Велес.