МВР со апел до протестантите!

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи ги повикува граѓаните кои се наоѓаат околу Собранието на Република Македонија да не даваат отпор на полицијата и да не ги попречуваат возилата на итната медицинска помош при преземање на мерки за евакуација и укажување на медицинска помош на тешко повредени пратеници, полициски службеници и граѓани.

Во рамки на Оперативниот штаб во 20:40 часот- Директорот на Бирото за јавна безбедност издаде наредба до полициските припадници на терен, медицински лица да се упатат во Собранието на Република Македонија и да укажат помош на повредените.

Во Собранието на Република Македонија се врши евакуација на преостанатите пратеници, а повредениот пратеник Зијадин Села беше евакуиран од Собранието и со специјално возило пренесен во Ургентен Центар