МВР откри магацин со опрема и супстанци за производство дрога (фото)

loading...

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, во координација со Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, заокружувајќи ги минатонеделните активности кога во соработка со истражен тим од Република Србија и во координација со американската ДЕА беше разбиена меѓународна криминална група која се занимавала со недозволена трговија со дрога, поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело – “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 став 3 од КЗ на РМ, поднесе кривични пријави против седум лица:  А.Х. (53),  С.Ш. (40) и А.М. (30) тројцата од Скопје, З.Д. (55), И.Ш. (52) двајцата од Тетово, и српските државјани –  М.З. (49) и С.К. (54). Од страна на судија на претходна постапка за сите седуммина пријавени веќе е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена, информираат од Министерството за внатрешни работи.

 

 

Притоа во продолжените активности, покрај тоа што беше откриена лабораторијата за производство на синтетичка дрога во Тетово, во близина на Скопје, во село Батинци беше откриен магацински простор изнајмен од групата за складирање на хемиски супстанци и други материјали, како и опрема потребна за подготовка и производство на дрогата. Наедно, откриени и запленете си возила, мобилни телефони, сим картички, оружје, муниција и друго.

 

 

По првичното приведување на шест лица, како што претходно беше информирана јавноста, со продолжувањето на полициските активности во рамки на оперативната акција, беше приведено уште едно лице – А.М.

 

 

Од страна на ОКТИВ при МВР во тек е вештачењето на доставениот материјал и дрогата, која што според првичните проценки е некаде околу 125 килограми, односно минимум над половина милион таблетки – синтетичка дрога.

 

 


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments