МВР апелира да не се врши злоупотреба на етнички и верски симболи

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија вчера излезе со апел да не се врши злоупотреба на етнички и верски симболи за купување на ефтини политички поени.

Злоупотребата на етничките и верските симболи што се случува деновиве може да има не само негативни политички и безбедносни импликации, туку и да ги поткопа процесите за фер, слободни и демократски избори. Ги повикуваме сите субјекти да се воздржат од креирање на сценарија со кои се добиваат ефтини политички поени, а на сметка на безбедноста и сигурноста на граѓаните – стои во соопштението на МВР.

Велат дека Министерството ги следи состојбите и нема да дозволи ескалации и нарушувања на јавниот ред и мир во државата.

Воедно, апелираме до организаторите на овие случувања да имаат во предвид дека секое кршење на законите повлекува соодветни санкции – пошува во текстот.

Инаку само неколку часа откако излезе соопштението во Бутел настанаа нови немири во кои тројца полициски службеници добија повреди, од кои двајца беа хоспитализирани.