Мурињо: Погба игра под очекуваното ниво, но не сме во конфликт

Сподели со своите пријатели

Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, на денешната прес-конференција ги демантираше гласините за конфликт меѓу него и Пол Погба. Португалскиот фудбалски стручњак рече дека има добра комуникација со најскапиот фудбалер во историјата на клубот.

Мурињо призна дека Погба игра под очекувањата во последно време и дека целиот тим поради тоа трпи, но дека сето тоа не довело до конфликт меѓу нив двајцата.

-Пол е свесен дека не игра на очекуваното ниво во последно време, но не сакам да откривам детали од разговорите со своите играчи. Лага е дека имаме лош однос, напротив комуницираме и имаме различно мислење за позицијата во тимот на која би требало да игра. Ние двајцата треба да го пронајдеме најдоброто решение, изјави Мурињо.

Погба е во неговите планови за утрешниот натпревар против Хадерсфилд во ФА Купот./МИА

Leave a Reply