Мумија која „вреска“ изложена во музеј во Каиро

Сподели со своите пријатели

Египетскиот музеј во Каиро оваа недела изложи „мумија која вреска“, односно остатоци од син на фароон, обвинет дека подготвувал заговор за да го убие својот татко.

Во гробница во Египет пронајдена мумија стара 3.500 години (фото)

Loading...

Ретко прикажувана во јавноста, мумијата е наречена „Непознатиот Е“ и има напнато лице, а отворените уста изгледаат како да вреска од болка.

Мумијата во „адидас патики“ и натаму крие многу тајни (видео)

Според египетското Министерство за антиквитети, ДНК анализите потврдиле дека се работи за син на фараонот Рамзес Трети, кој владеел помеѓу 1186. и 1155 година пред новата ера. Трагите на мумијата зборуваат дека тој човек бил обесен и прекриен со овча кожа, која Египќаните ја сметале за нечиста.

Како изгледа внатрешноста на една мумија? (видео)

Папирусите велат дека принцот Пентавер е осуден со бесење поради вмешаност во заговорот да се убие Рамзес Трети. Тој ковел заговор со својата мајка Тија, втората жена на Рамзес. Од историјата не се знае точно дали Рамзес Трети бил убиен, но постојат индиции дека бил избоден во вратот.

Таа е мртва веќе 500 години, но може да го одгатне лекот за многу болести (видео)

Амајлијата со Хорусово око, симболот за утеха и заштита, била ставена на вратот на Рамзес, наведуваат од министрството.

Leave a Reply