Мухамед – едно од десетте најчести машки имиња во Англија и Велс

Сподели со своите пријатели

Оливија ја заменува Амелија како најпопуларно име за девојчињата, додека Оливер е најчестото машко име во Велика Британија. Посебно интересно е што на листата 10 најпопуларни машки имиња влегува и Мухамед, заземајќи ја осмата позиција.

Британската Канцеларија за национална статистика ги објавила резултатите според кои женското име Оливија повторно е најпопуларно, по трет пат, откако на врвот било во 2008 и 2010 година.

Што се однесува до машките имиња, Оливер е на врвот, а за прв пат влегува и Мухамед.

Најголемиот пораст на популарноста во изминатата година имале имињата Харпер кај девојчињата и Џексон кај момчињата.