Му испратила порака на татко ѝ дека нема повеќе да носи хиџаб – Неговиот одговор ќе ве остави без зборови

Сподели со своите пријатели

17-годишната Ламја од Пенсилванија со години доживувала онлајн злоставување поради носењето хиџаб.

-„Искрено, кога сте Арапка и муслиманка во Америка, безобразните пораки и не се така необична појава.“- рекла таа.

Таа одлучила да ја објави порака која ја добила од потполен странец: „Кучко, престани да го браниш исламот, молчи. Не смееш да ја отстраниш марамата од глава, бидејќи татко ќе ти ќе те убие.“

Ламја одлучила да покаже дека воопшто не е така. Му испратила порака на својот татко, во која најавила дека нема повеќе да ја носи марамата на глава, а потоа допишувањето со него го објавила на интернет:

-„Тато, сакам нешто да ти кажам.“- започнала таа.

-„Кажи, добро си?“- кратко одговорил таткото, а таа му објаснила што сака да направи и дека размислува да се откаже од хиџабот.

-„Душо, тоа не е одлука која јас треба да ја донесам за тебе. Тоа не е одлука која еден маж треба да ја донесе за тебе. Ако сакаш да го направиш тоа, слободно. Без оглед на сè, јас ќе те поддржам.“- напишал тој.

Нејзината објава на Твитер е лајкувана 300.000 пати и споделена е 140.000 пати.

Ламја појаснила дека не планира да се откаже од хиџаб, а многумина ја поддржале, а воедно и нејзиниот татко.