МТСП: Медиумите да внимаваат со објавување информации за неработни денови

Сподели со своите пријатели

По написи во одредени електронски медиуми за неработни денови во месец мај, остра реакција пристигна од прес службата на Министерството за труд и социјална политика од каде потенцираат дека само два дена се неработни за сите жители на Република Македонија. 

Неработни се 01 мај (понеделник) – Ден на трудот и 24 мај (среда) „Св. Кирил и Методиј“ – Ден на сесловенските просветители. За граѓаните пак припадници на влашката заедница неработен ден е 23 мај (вторник), национален ден на Власите.

Потенцираме и дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), и Програмата на неработни денови за 2017 година, 25 јуни (недела) Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 26 јуни (понеделник) е неработен ден.   Со оглед на тоа што со написите се создава забуна во јавноста ги повикуваме медиумите на внимателност при објавувањето на информациите поврзани со неработните денови и напоменуваме дека Програмата на неработни денови за 2017 година е јавен документ кој што е достапен на следниот линк – стои во реакцијата испратена од Министерството за труд и социјална политика.

 

Loading...