МТСП го објави изгледот на бесплатните проекти за типски куќи (видео)

Сподели со своите пријатели

Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски денес на прес конференција ги презентираше бесплатните планови и изгледот на типските куќи што ги најави премиерот Никола Груевски на почетокот на ноември.

Loading...

Се работи за шест проекти на куќи од 60, 80, 100, 120, 150 и од 180 квадратни метри, а заинтересираните граѓани ќе можат да ги симнат веб-страницата на Министерството за транспорт и врски.

„Со овие планови граѓаните заштедуваат од 900 до 2.000 евра кои би ги дале на проектантите. Со самото тоа што ќе се подигаат готови проекти за градење куќи, побрзо ќе се издаваат и дозволи за градба, бидејќи проектите ќе бидат веќе познати. За добивање готов проект нема посебни услови кои треба да бидат исполнети за да се добие проектот. Таков проект може да добие секој кој е заинтересиран за градба во било кој дел на Македонија“, рече Мисајловски.

Секој граѓанин кој ќе избере еден од проектите може да направи корекции на проектот. Мисајловски најави дека проектот и продолжи и ќе се прошири, бидејќи голема е заинтересираноста на граѓаните.