13.02.2018 14:11

Мрачни тајни на проколнатото гратче во Европа: За шест години 79 самоубиства (ФОТО+ВИДЕО)

loading...

Наизглед сосема обичен мал град на југот на Велс, во кој живеат околу 40.000 жители, кои како и поголемиот дел од другите гратчиња има шопинг центар, барови, ресторани,но и мноштво споменици, стари цркви и замоци, Бриџенд крие нерешена мистерија по која и стана познат.

Иако мештаните истакнуваат дека живеат нормално и дека не се разликуваат од жителите на другите гратчиња во земјата, всушност се длабоко потресени од серија неразјаснети самоубиства.

Со векови никој не можел да се доближи до овој древен град (видео)

Во таа црна низа, за шест години дури 79 млади луѓе решиле да си го одземат животот. Сите освен еден, се убиле со бесење. Исто така, обично се работи за млади мажи, многумина од нив и се познавале, а само некои од нив оставиле проштални писма.

Паралелно со обидите на научниците да утврдат дали постои врска помеѓу сите овие случаи на самоубиства, помеѓу очајните родители и преплашени мештани се развиле и различни хорор теории.

Се шпеклулирало дека станува збор за суицидна секта, договори на социјални мрежи, па дури и контрола на умовите на младите луѓе со помош на радио фрекфенции.

Загрижувачки било тоа што не е откриен никаков знак што е причината за самоубиствата.

Со векови никој не можел да се доближи до овој древен град (видео)

Во првите годдина дена, од 2007. до 2008. година бројот на самоубиства се искачил на 23. Во наредните 5 години, до февруари 2012. година, се убиле дури 79 жители на Бриџенд.

Се започнало со самоубиство на 18-годишниот тинејџер Дејл крол чие тело е пронајдено во напуштено засолниште. Неколку недели подоцна, неговиот пријател Дејвид Дилинг се решил да си го одземе животот себе си така што се обесил на дрво испод црквата. А кога се на ист начин, истата недела се убил и 20-годишниот Том Дејвис, а сите мислиле дека се работи за случајност.

„БИЛБЛИСКИ НАСТАН“ ИЛИ НЕШТО ДРУГО:Река доби крваво црвена боја, никој не знае зошто (ВИДЕО)

Црниот бран започнал да ниже животи на младите луѓе и така до 2009. година се обесиле 25 лица.

 

 

Незнаејќи како да се спречи оваа појава, очајните родители се заедно со градоначалникот официјално барале од државата да го спречат објавувањето на приказните за самоубиствата од Бриџенд. Мистериозните самоубиства кои се редат едно за друго започнале да ги интригираат новинарите ширум светот, а родителите кривицата започнале да ја префрлуваат на медиумите. Се формирале и работилници за работа со младите и спроведување на кампањи против самоубиствата, но тоа не го спречило овој несреќен бран.

Така на пример, на 27. февруари 2010. година се обесил Џастин Бичам кој на новинарите само неколку месеци претходно им рекол дека тоа никогаш не би го направил.

Најпрвин, денот претходно, се обидел да се убие на истото место каде се обесил неговиот другар Том Дејвис, пред 3 години. пронајден е жив и префрлен во болница.

 

 

Неговата мајка вели дека Џастин бил весело момче, полно со живот и секогаш насмеано се до месец ден пред да започне да покажува знаци на депресија и ментални пореметувања по операциите на желудникот, затоа што се жалел на неподносливи болки.

Меѓутоа, 4 часа по приемот во болница поради обид за самоубиство, Џастин е отпуштен без преглед од психијатар, а медицинската сестра го оценила како пациент на низок ризик без оглед на гласовите во главата кои го наговориле на лоши работи.

Подоцна во текот на ноќта, Џастин ја напуштил семејната куќа, а неговата девојка испаничено ја разбудила неговата мајка и рекла да повика полиција затоа што Џастин ќе се убие. Тоа и се случило.

Мајката на Џастин рекла дека екипата американски новинари, кои дошле во Бриџенд да снимаат документарец за серија самоубиства, снимала токму во нивната куќа и во таа прилика го прашале Џастин дали тој некогаш тоа би го направил.

– Додека одговараше ме погледна директно во очи и одлчно рече дека никогаш не би можел на своето семејство да му приреди нешто такво, раскажува неговата мајка.

Кога тоа се случило, несреќната жена започнала да се грижи и поради своите две други деца.

Иако во наредните години бројот на самоубиства помеѓу младите во овој град се намалил, социолозите и останатите научници се уште не дошле до сигурен заклучок што се случувало и како Бриџенд станал „центар на самоубиствата“ за кој сите медиуми пишувале и закој се снимени два филма.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments