МПЦ: Да не се палат бадникови огнови

Сподели со своите пријатели

Македонската православна црква – Охридска архиепископија апелира вечерва и утре да не се палат бадниковите огнови, а воедно ги повикуваат граѓаните собраните дрва да ги донираат на социјално загрозените семејства.

Од Црквата повикуваат да започне просец на конечно прекинување на традицијата, која како што велат, нема никакви верски елементи на празнување. Наместо на улица, МПЦ верниците ги повика на богослужби, каде достојно ќе се прослави Христовото раѓање, а воедно посочуваат и дека со палењето на огновите само дополнително ќе го загадат воздухот.

Свештениците од МПЦ изјавија дека коледарските огнови не се традиција која е во согласност со преданието на христијанската вера, зашто во време на пост се прават забави, некаде дури и се мрси, а луѓето место во црквите на служба и молитва, се присутни околу огновите, кои се пагански, а не христијански обичај.