Може ли сексот да ги замени вежбите?

Сподели со своите пријатели

Сексот не е само едно пријатно искуство, туку и тест за телото. Затоа според доста научници, тој може да биде спореден со тренингот.

Тоа би била одлична вест за оние кои не сакаат да одат во салата, но за жал во креветот искуствата нема едноставно магично да им помогнат да ослабат или да извадат убаво тело.

Првите истражувања за унапредување и промени во телото за време на секс се од 1960 година, кога неколку истражувања дошле до заклучок дека за време на интимниот чин се зголемува срцевиот ритам, циркулацијата и крвниот притисок.Тоа се симптоми кои се јавуваат и за време на вежбање.

Последни истражувања ги споредуваат вистинските вежби со секс, а со резултатите станува јасно дека за време на љубовните милувања има моменти во кои показателите на телото се менуваат, покривајќи 75% од промената во него за време на спорт. За жал, тоа трае кратко и додека тренирате, вие ќе ги одржите овие индикатори високи за подолг временски период, за време на интимниот чин тие се прикажуваат за неколку минути, а потоа се намалуваат.

Значи, не – сексот не може да ги замени вежбите! Ако сакате да имате секси и стегнато тело, треба да поработите сериозно за тоа надвор од креветот.