Москва ги повика Вашингтон и Пјонгјанг да преминат кон директен дијалог

Сподели со своите пријатели

Русија ги повика САД и Северна Кореја да преминат од тактика на чекање кон воспоставување на директен дијалог, изјави во интервју за ТАСС рускиот заменик-министер за надворешни работи Игор Моргулов.

– Москва постојано се залага за воспоставување на директен дијалог меѓу Вашингтон и Пјонгјанг. Во нашите контакти со секоја од земјите ги убедуваме партнерите да преминат од тактика на чекање кон чекори за воспоставување на директен дијалог, да се искористи поволниот прозорец на можности  кој се отвори благодарение на олимпиското затишје за време на Игрите во Пјонгчанг, истакна Моргулов.

Тој потсети дека повеќе светски медиуми јавија дека во Пјонгјанг имало можност за директен контакт меѓу делегациите на САД и Северна Кореја но тој не се остварил.

– Се надеваме дека и Американците, и Севернокорејците ќе сфатат дека дијалогот нема алтернатива, додаде Моргулов.

Според него, доколку биде побарано, Москва е подготвена да обезбеди услови за за дијалог меѓу Пјонгјанг и Сеул. /МИА

Leave a Reply