Мончи призна: Евтино го дадовме Салах

Сподели со своите пријатели

Спортскиот директор на Рома, Рамон Родригез Мончи призна дека клубот требало да го продаде Мохамед Салах во Ливерпул поскапо, но сметал дека било време да се разделат со Египќанецот, објави „Фудбал Италија“.

Салах брзо се наметна во Ливерпул, а неговото влијание врз претставувањето на „црвените“ е огромно. Тој веќе има 30 гола за тимот од „Енфилд“ откако стана играчот кој најбргу стигнал до толкав број погодоци.

Неговите одлични перформанси ги натера навивачите на Рома да не ја одобрат неговата продажба. Салах беше продаден за износ што би можел да достигне 50 милиони евра. Но, ова изгледа прилично скромно за навивачите на „волците“ кои мислат дека новата ѕвезда на Ливерпул требало да донесе многу повеќе во благајната на клубот. / МИА

Leave a Reply