МОН препорачува основните училишта да работат со скратени часови

Сподели со своите пријатели

Со оглед на високите температури кои ја зафатија територијата на Република Северна Македонија, а имајќи предвид дека наставната година за учениците од основните училишта трае до 17.06.2024 година, Министерството за образование и наука препорачува:

Loading...

–           Основните училишта наставата да продолжат да ја реализираат со скратени наставни часови, но да се внимава да се запази суштината на наставната материја која се изучува;

–           Училниците и другите простории кои се користат во училиштето постојано да се проветруваат;

–           Да се насочуваат учениците и да им се дава можност да конзумираат поголемо количество на вода;

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Анализа: 100 најголеми компании по приход во 2023 година

–           Да им се препорача на учениците да не конзумираат масна храна и храна која содржи поголемо количество на шеќери за време на училишниот ден.

Овие препораки се дел од Општите препораки за заштита од топлотен бран на Центрите за јавно здравје, а согласно Здраствениот акциски план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на граѓаните на Република Северна Македонија.

Интегрално соопштение: Министерство за образование и наука