Моментот кога пратениците спасуваа жива глава од демонстрантите (видео)

Сподели со своите пријатели

Седум лица побарале лекарска помош во државната болница во Скопје, а четворица пратеници се повредени во собраниската сала, меѓу кои Манчевски, Димитриевски, Заев и Села, откако демонстрантите беа пропуштени од страна на полицијата да влезат во зградата.

 

Loading...

 

Тензијата се уште расте, на интервали полицијата се трга од вратата и поголеми групи луѓе од надвор влегуваат на главниот влез на Собранието. Едно лице беше изнесени во безсознание, а според неофицијални информации полицијата внатре фрлила и димна бомба, но тоа е непотврдена информација која во линковското вклучување ја пласираше новинарката на Телевизија Телма.

Медицински екпи пружаат помош на повредените пратеници внатре во прес салата на собранието бидејќи поради демонстрантите не можат да ги изнесат надвор и да ги однесат во болница.

Само за потсетување целата ситуација настана откако Талат Џафери, поранешен копмандант на УЧК, но и поранешен министер за одбрана од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ беше изгласан за претседател на Собранието и се обрати на албански јазик во законодавниот дом.

фото и видео: А1он.мк