Момче го каснало бесно куче, па се разбудило на сопствениот погреб

Сподели со своите пријатели

Кумара Маравада (17) од Индија се разбудил на својот погреб.

Него го каснало бесно куче и бил во болница во многу тешка состојба. Неговата здравствена состојба се влошувала од ден на ден, а лекарите предложиле на семејството да ги исклучат апаратите затоа што процениле дека повеќе нема спас.

Родителите со тешко срце го послушале советот на лекарот и потоа го презеле телото на момчето. Меѓутоа, на патот кон гробиштата, момчето се разбудиле од кома и започнало самостојно да дише.

Лекарите рекле дека има менингоцефалитис, воспаление на мозокот кое било предизвикано со каснувањето од кучето.

 

Loading...