Модернизација на ЈП „Чистота и зеленило“, најави Левица

Сподели со своите пријатели

Кандидатот за советник од Левица, Стефан Илиевски денеска преку прес конференција ја потенцираше потребата од модернизација на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“. Како што вели без ефикасен систем на собирање отпад од домаќинствата нема да дојде до расчистување на општината.

– Веќе по подолг период Куманвоо е целосно парализирано поради неефикасното сбирање на отпадот. Секојдевно во Куманово се раѓаан нови мали депонии кои Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ е немоќно да ги решава, ем помалку на број, ем несоодветни контејнери поставени на несоодветни места, пренатрупани поради неможноста на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ да одговори на јавните потреби на градот. Недозволиво е во 21 век кога во целиот свет се повеќе и поуспешно се рециклира отпадот нашата општина да не може да го собира редовно наталоженото ѓубре со потенцијална опасност и самиот град да стане еднаш една голема дива депонија. Затоа општина Куманово ако треба некаде да влезе со капитални инвестиции тоа со сигурност мора да биде во модернизацијата на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ во нови соодветни контејнери со кои ќе се овозможи собирање на отпадот што понатаму би овозможило рециклирање на истиот. Исто така потребна е замена на несдооветните контејнери за градежен шут во кои сега се собира отпад, инвестиции во нова механизација, меѓу кои на пример мали медуларни повеќенаменски возила кои покрај за собирање на отпадот би послужиле и за расчиствување на снег во зимскиот период. Секако најважно е изготвување на план од Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ за оптимално и ефикасно собирање на отпадот по кој би се водела организацијата. Без ефикасен систем на собирање отпад од домаќинствата нема да дојде до расчистување на општината, вели Стефан Илиевски, кандидат за советник од Левица.