МНР со апел: Граѓаните да се информираат пред да патуваат во Катар

Сподели со своите пријатели

Министерството за надворешни работи на Република Македонија ги советува граѓаните пред да се одлучат да заминат на патување во Катар да го контактираат авио-превозникот и да се информираат за можни промени во начинот на патување, а во случај на било каква потреба да се контактира тамошното дипломатско претставништво на Македонија.

Неколку земји од регионот на Персискиот залив, меѓу кои и Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Египет, Бахреин, и др., на 4 јуни о.г. ги прекинаа дипломатските односи со Државата Катар, што резултираше со прекин на поголем број патни, поморски и воздушни правци помеѓу овие земји и Катар, како и рестрикции за патување и престој на граѓаните на Катар во овие земји.

Иако забраните и рестрикциите во патувањата не се однесуваат за граѓани на други земји кои патуваат во и од Катар, Министерството за надворешни работи ги советува сите граѓани на Република Македонија, пред патување во и од Државата Катар, да го контактираат авио-превозникот, да се информираат за можните промени во термините и начинот на нивното патување, a во случај на потреба, да се обратат до Амбасадата на Република Македонија во Доха или директно во Министерството за надворешни работи на РМ.

Министерството за надворешни работи на РМ ќе го следи развојот на настаните во овој регион и навремено ќе ги известува македонските државјани за сите промени – стои во соопштението на МНР.

Македонска амбасада во Доха, Катар
Лице за контакт: Вукица Кртолица Поповска, Вршител на должност
Контакт телефон: 00 974 5006 7044
Адреса: Building No. 20, Zone 63
Str. 941, West Bay,