Мистериозна случка во Женева: Банкноти од 500 евра затнале WC школка

Сподели со своите пријатели

Европската централна банка одлучи да престае да печати банкноти од 500 евра затоа што токму тие се најчесто користени од страна на криминалците, а сега повторно се во центаро на вниманието.

Швајцарското обвинителство отворило исграга за да утврди зошто тоалетите во банката и три ресторани во истиот квард во Женева биле затнати со банкноти од 500 евра во вкупна вредност од 100.000 евра.

Банкотите, чија автентичност не е потврдена, веројатно биле исечкани со ножици и фрлени во wc Школката, објаснил портпаролот на одбраната во Женева.

Се почнало откако се затнале школките во филијалата на банката УБС. Само неколку дена подоцна, ситуацијата се повторила во три ресторани во истиот кварт.

Дел од парите надлежните служби успеале да ги извлечат, наведуваат инспекторите кои засегане сакаат да соопштат други информации. Меѓутоа, тамошните медиумите пишуваат дека парите им припаѓале на жени од Шпанија кои пред неколку години ги ставиле во сеф во Женева.

Се уште нема назнаки дали би можело да се работи за валкани пари, стекнати на илегален начин.