Министерот за внатрешни работи не сакал да коментира, крвави лица во собраниската сала (фото)

Сподели со своите пријатели

Како што јавува телевизија Телма, во телефонски разговор со министерот за внатрешни работи Нухиу не добиле никаков одговор за новонастнатата ситуација во државата. Како што пренесе телевизијата министерот не сакал да коментира, додека директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков не бил достапен за коментар.

Во меѓувреме по социјалните мрежи кружат фотографии од пратеници со раскрварени лица, екипите на Итната помош се кон собранието, но се уште има огромен број граѓани во зградата на Собранието.

 

Loading...

 

На фотографијата подолу е пратеникот Зијадин Села, кој е тешко повреден.

Специјалната единица „ЖЕЛКИ“ влезе во Собранието и се обидува да ги извади граѓаните надвор од законодавниот дом.

Во меѓувреме балканските медиуми бомбаситчно пренесуваат информации за пуч во македонското собрание и повредените пратеници.

 

фото: Радио МОФ