Министерот Нухиу го посети ТЦ Табановце (фото)

loading...

Министерот за внатрешни работи д-р Агим Нухиу денес (09.01) го посети Прифатниот транзитен центар за бегалци во Табановце во кој се сместени седумдесетина мигранти претежно од Блискиот Исток.

 

 

Притоа, министерот Нухиу беше информиран од страна на надлежните во Центарот, за актуелните тековни состојби како во работата на истиот  така и во врска со мигрантите сместени во овој објект. Истовремено, министерот Нухиу на децата бегалци во Центарот им подели пакетчиња – храна и играчки.


Loading...

Последни наслови

Facebook Comments