Минерлната вода во Проевце е небезбедна за пиење

Сподели со своите пријатели

Природно минралната вода од изворот на Кумановската баља во село Проевце не е безбедна за пиење, покажува најновата анализа на Инстиутот за јавно здравје на Република Македонија.

Според примерокот земен на 9 декември, водата содржи зголемен број на аеробни бактерии на 22 и 37 степени целзиусови. Во однос на физичко-хемиската анализа од испитаниот примерок е констатирано значително зголемена содржина на арсен, додека во однос на анализата на резидуи на пестициди, радиолошка и паразитолошка анализа примерокот одговара на законските и стручни прописи.

Како што велат од Институтот за јавно здравје, потребно е да се врши деасенификацијата, односно редукција на арсенот, како и редовна дезинфекција на природната минерална вода со ултравиолетова лампа за да може да се користи за пиење или за производство на газирана или негазирана пакувана природно минерална вода за пиење.