Мила Трајковиќ од ЖРК Куманово стана репрезентативка на младинската репрезентација на Македонија

loading...

Женската македонска ракометна репрезентација до 19 години ќе учествува на силниот ВРХЛ турнирот во Подгорица, Црна Гора кој ќе се одржи од 13ти до 15ти септември. Противници ќе им бидат екипите на Будуќност (Црна Гора) и екипата на Крим(Словенија). Благодарение на одличните игри во кадетската репрезентација на Македонија повик доби и еден од најдобрите играчи на ЖРК Куманово, средниот бек Мила Трајковиќ.

Инаку, женскиот ракометен тим од Куманово работи со полна пареа и по победата во подготвителниот период против екипата на Овче Поле на гостински терен (25:28), а со женскиот ракометен тим од Свети Николе нвчера беше одигран натпревар и на домашна сцена во салата на ОУ Христијан Тодоровски-Карпош, каде извојува уште една победа со резултат 37:24.


Последни наслови

Facebook Comments