Мила, Јована и Тамара од ЖРК Куманово брилијантни во репрезентацијата на Македонија

loading...

Женската македонска ракометна репрезентација до 17 години продолжи да победува на Европското првенство благодарение на одличната игра на ракометарките на ЖРК Куманово. По службената победа над Грција и победата над Швајцарија, нашите ракометарки продолжија да победуваат и славеа над Фарски Острови со 24-20.

Пресуди подобрата завршница во вториот дел, а исто така, ги користеа и сите грешки на гостинот. Одлични беа бековите Јована Кипријановска и Мила Трајковиќ, а исто така, но и голманката Мицевска одбрани неколку шутеви кога беше најпотребно.

Натпреварот подобро го остворија гостинките од Фарски Острови и поведоа со 1-3, но сепак, нашите ракометари брзо се вратија во мечот благодарение на одличната игра во одбраната и изедначија на 5-5. Долго време се играше гол за гол, се додека Македонија не поведе со 13-12, за потоа да следи техничка грешка на гостинот која ја искористивме и поведовме со плус два, за првпат на мечот, односно резултат 14-12.

Потоа, следеше нова серија од 3-0, во која предводени од  Кипријановска во нападот и одличната игра во одбраната на Тамара Ивановска, нашите ракометарки успеаја да се одлепат на највисоки 20-16, а високата предност Македонија ја држеше и на четири минути пред крајот, кога во „Кале“ на семафорот стоеше 21-18. Предноста од четири гола ја заджавме и до финишот.

За МВП на натпреварот беше прогласена кумановката Мила Трајковиќ која одигра над 55 минути.

Во последното коло кое се игра вечерва Македонија во терминот од 19.00 часот се среќава со селекцијата на Полска, натпревар кој решава за првото место во групата.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments