Металното оружје од бронзеното време потекнува од вселената

loading...

Ново истражување тврди дека најголемиот дел од железото користено во оржјето и другите предмети од бронзено време имаат вонземско потекло. Понатаму се објаснува како нашите претци можеле да користат метал без пристап до металургија.

Францускиот научник Алберт Жамбон објавил истражување во списанието „Journal of Archaeological Science“, во кое користел геохемиски анализи за да направи разлика помеѓу земските и вонземските метали во бројни предмети од бронзеното време.

Испитувајќи ги односите на железото, кобалтот и никелот во предметите, истражувачите направиле систем како да го разликуваат железото добиено со топење руда со онаа од меторитот.

Застрашувачки прогнози на научниците: Ни се закануваат години без лета (видео)

Покрај тоа што веќе долго е познато дека метеорите биле значителен извор на железо, научната заедница не можела да се усогласи колку точно бил уделот на метеоритското железо во приозводството на оружје и други предмети од бронзено време.

Почетокот на железното време 1.200 години пред новата ера го означува крајот на бронзеното време кое траело околу два милениуми, а оние народи кои за време на неговото траење поседувале железно оружје или други предмети имале голема воена и економска предност над противниците.

 

 

Жамбон спровел хемиски анализи на примероците од музејски експонати, кои вклучуваат ѓердан од Египет (3200 години п.н.е.), бодеж од Турција (2500 г.п.н.е), секира од Сирија (1400г.п.н.е), па дури и бодеж, нараквица и и наслон за глава на Тутанкамон (1350 г.п.н.е).

Рудата од Земјата мора да биде пречистена за да од неа се исфрли кислород и дури тогаш од неа може да се прави оружје и други рпедмети. Метеоритското железо веднаш е подготвено за користење, без потреба за развој на технологија за негова обработка.

Пет тајни кои НАСА никако не сака да ги знаете (видео)

– Кога се формираат големи небесни тела, како нашата планета, скоро сиот никел и железо се концентрираат во јадрото, наведува авторот на студијата, прецизирајќи дека технологијата на рударството не била доволно развиена во бронзеното време за да значителни количини железо и никел можат да бидат извадени од поголеми длабочини.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments