Меркел: Рано е да се зборува за визна либерализација меѓу ЕУ и Турција

Сподели со своите пријатели

Либерализацијата на визниот режим меѓу ЕУ и Турција се уште не е на дневен ред, изјави денеска во Берлин германската канцеларка Ангела Меркел по средбата со турскиот премиер Бинали Јилдирим.

– Што се однесува до либерализацијата на визниот режим, тоа е во рамките на договорот меѓу ЕУ и Турција (за бегалците) беа определени условите. Не сме зборувале детално за тоа денеска, зошто има уште многу работа, посочи Меркел.

– Имаме потреба од уште многу време и одредени дејствија (од турска страна). Во моментов нема придвижување, додаде германската канцеларка. / МИА

Leave a Reply