Мерцедесот од 600.000 евра за прв пат пред јавноста (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на прес конференција првин им овозможи на медиумите да го фотографираат и снимаат „Мерцедесот“ вреден 600.000 евра кој Владата на Никола Груевски го набави за луксузирање на поединци наместо за државни цели.

Возилото видно унакажно поради неодржувањето, стоело во гаража откако во јавноста се дозна дека било набавено.

Ова возило е симбол на едно време, кога со пари на граѓаните се луксузираа функционерите додека полицајците немаа основни средства за работа. Тоа време заврши – вели Спасовски.

Loading...