Мечот со Карпош Соколи нема да се одигра, службена победа за КК Куманово

Сподели со своите пријатели

Натпреварот Куманово – Карпош Соколи кој требаше да се одржи утре во Спортската сала во Куманово е откажан, ваква одлука денеска соопшти раководството на БИБЛ лигата.

Тоа значи дека мечот ќе заврши во корист на КК Куманово, со резултат 20:0 и службена победа за сино-белите кои ќе добијат дополнителни 2 бода на табелата каде го зацврстуваат првото место.

Ваквата одлука следува откако Карпош Соколи не ја уплати предвидената казна за пропустите во организацијата на мечот со Куманово кога во даден момент на теренот немало ниту еден домашен кошаркар. Дополнително беа казнети и поради одлуката на тренерот Николиќ од паркетот да ги повлече своите кошаркари кога од управата на клубот обвинија за местенки на мечот против црногорскиот Теодо.

Во сабота кошаркарите на тренерот Марјан Србиновски ќе го одиграат мечот со Струмица во рамките на домашниот шампионат.