Мечот КК Куманово – КК Кожув одложен за четврток

Сподели со своите пријатели

Ниските температури го одложија продолжетокот на натпреварувањата во Балканската лига. Мечот кој утре требаше да го одиграат кошаркарите на Куманово на гостувањето кај Кожув во Гевгелија е одложен за четврток со почеток во 19 часот.

Засега останува непознато дали на 21ви ќе продолжат и натпреварувата во домашната кошаркарска лига, за кога е закажан натпреварот на Куманово исто така на гостување кај кошаркарите од Гевгелија.

Инаку избраниците на Србиновски покажуваат одлични резултати во рамките на БИБЛ лигата каде првиот дел од натпреварувањата го завршија како првопласирани во групата А со шест победи и два порази, односно вкупно 14 поени, оставајќи го зад себе бугарскиот Берое со еден поен помалку.

Со ист учинок кумановци ја завршија и 2016 година во домашниот шампионат каок третопласирани, додека првите две места со поен повеќе ги задржаа екипите на Работнички и Фени Индустри.