Маж со огнено оружје си го откинал палецот

Сподели со своите пријатели

Дваесет и едногодишен жител на кичевското село Другово си го откинал палецот при обидот да извади маневарски куршум заглавен во неговата пушка.

Како што соопштија од МВР вчера во 19:35 часот во Полициска станица-Кичево, доктор од Медицински центар -Кичево пријавил дека било донесено повредено лице во пределот на левата рака. Полицајците од Полициска станица – Кичево утврдиле дека се работи за И.С. од село Другово, кој се самоповредил во гаражата во сопствената куќа со маневарски куршум, кој бил заглавен во метална цевка (троблон).  При обид да го извади куршумот, со штрафцигер удрил во чаурата, при што од издувните барутни гасови дошло до повредување.

Поради сериозноста на повредите истиот со возило на Медицински центар -Кичево е пренесен во Ургентен центар -Скопје, заради понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител од Основно јавно обвинителство во Кичево и увидна екипа од Кичево.

Извор: МИА

Loading...