Матурантите полагаа мајчин јазик

Сподели со своите пријатели

Со испит по мајчин јазик и литература денеска започна полагање на државна матура во средните училишта низ Македонија. На државно ниво матура денеска полагаат вкупно 16.426 ученици, додека во кумановската гимназија денеска полагаа 282 ученици.

Се е подготвено училишната комисија има подготвено се што треба списоците ги имаме излепено, учениците почнаа да доаѓаат, училишната комисија е на своето место, тестаторите, резервни тестатори очекуваме успешно решавање на тестот и високи резулатати онака како што им личи на нашите ученици – изјави утринава Соња Тодоровска, директор на СОУ Гимназија „Гоце Делчев“.

Според податоците на Државниот испитен центар, 10.632 матуранти се пријавени за тестот по македонски јазик, 5.120 за албански јазик и 418 за турски јазик. На 10 јуни е полагањето странски јазик. Како и во минатите години, најголем број (15.201) се пријавени за англиски јазик, за француски јазик 108, за германски 197 и за руски јазик 26 кандидати.

На 10 јуни се полага испитот по странски јазик за кој има и најголем број пријавени вкупно 15.201 ученик. Тестирањето по математика ќе се спроведе на 12 јуни, а ќе полагаат вкупно 2.070 матуранти во државата.

 

Loading...