Масовна тепачка на турски државјани за девојка, еден повреден

Сподели со своите пријатели

Десет непознати лица, државјани на Република Турција, физички го нападнале Р.Џ.Ј. (25) исто така турски државјанин со привремено сместување во Скопје. Физичкиот напад бил извршен поради претходна расправија во врска со девојка.

Како што информира МВР, случајот бил пријавен изутринава во 2.51 часот во Единицата за информации и команда Скопје, а нападот се случил на кејот „13-ти Ноември“.

Р.Џ.Ј. со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје каде му биле констатирани телесни повреди и бил пуштен на домашно лекување.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: МИА

Loading...