Машината на НАСА во трка со човекот (видео)

Сподели со своите пријатели

Американската вселенска агенција НАСА веќе подолго време тестира автономни дронови. Минатата недела објавила споредбени резултати од трка со управување со дронови помеѓу компјутер и човек, професионален пилот на дронови. Добрата вест е дека човекот победил, но сепак му бил потребен тренинг.

Трката била резултат на двегодишна работа на автономни дронови, во рамките на проектот финансиран од Google.

Руската полиција со дронови ќе го контролира сообраќајот (видео)

Loading...

Дроновите наречени Бетмен, Џокер и Најтвинг користеле 3Д технологија од компанијата „Танго“, со помош на која го мапирале своето опкружување. Дроновите имале тркачки спецификации, со оглед дека имале брзина на летање и до 130 километри на час. Во ограничен затворен простор таа брзина одела до 65 километри на час.

Пилотот Кен Лу, професионалец кој се натпреварува на Меѓународната дрон рејсинг лига, се спротивставил на компјутерите на НАСА. Вештачката интелигенција во почетокот водел,а и тоа се додека Лук подобро не ја запознал патеката.

Ова дефинитивно е најгустата патека по која некогаш сум летал. Мојот недостаток е во тоа што како пилот бргу се заморувам. Кога сум психички уморне, без оглед на тоа што сум минал патека повеќе од 10 пати, јас губам, рекол тој.

Истражете го водениот свет со помош на подводен бежичен дрон (видео)

За разлика од него, компјутерите не се уморуваат, но на вештачката интелигенција и недостасува интуиција на човечки ривал, кој може да лета побрзо и послободно.

– Пилотот повеќе лета по своето чувство, додека вештачката интелигенција управува мирно со дронот, целосно следејќи ја патеката. Човекот забрзува агресивно, а неговото движење не е зададено, вели менаџрот на проектот на НАСА, Роб Рид.

Автономните дронови веќе се користат за задачи кои бараат мирен и внимателен лет, како што е надгледување и достава. Сепак, ќе биде потребно уште време вештачката интелигенција да може да го надмине човекот, заклучува „The Verge“.