Мартинијан „ќари“ 4.000 евра на Макфест (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Со 4.000 ерва, плакета и освоено второ место Мартинијан Кириловски се враќа од Фестивалот „Макфест“ кој викендов се одржа во Штип.

 

Loading...

 

Песната „Дождови“ ги собра емоциите на публиката, но и на жири комисијата кои му го донесоа сребреното место на овој успешен млад кумановец.

– Организацијата беше прекрасна како и секогаш кога е „Макфест“ во прашање и се почувствуваа оние октомвриски денови на стартот на фестивалот. Од мојот настап сум многу задоволен, дадов се од себе за да ја пренесам емоцијата, меѓутоа секогаш нели може подобро, изјави Мартинијан за Кумановски Муабети.

На прашањето како планира да си ја потроши наградата, вели дека се уште не размислувал за тоа, но како и да е сигурни сме дека ќе ја вожи во себе и својата кариера.

Песната „Дождови“ полека, но сигурно ќе стане голем хит, а веќе има скоро 2.000 прегледи на социјалните мрежи.

 

 

Истата вечер, Кириловски по две години пауза повторно си појави и на српското талент шоу „Ѕвездите на гранд“, каде се претстави со песните „Адио“ и „Лоша“ и со пет гласа од жири комисијата и продукциското дуо, ќе продолжи во следната етапа од натпреварувањето.

Ние му посакуваме многу среќа, а во меѓувреме проследете го и неговиот настап.

Loading...