Мартинијан Кириловски со награда од фестивалот „Охридски трубадури“ (фото)

Сподели со своите пријатели

Мартинијан Кириловски уште еднаш докажа дека Куманово има со што да се гордее. Од фестивалот Охридски трубадури кој се одржа во четврток со својата нова песна ја освои наградата „Долни Сарај“.

 

Loading...

14100294_1060652727352589_735889440722258394_n

 

Во голема конкуренција, песната „Тело до тело“ се покажа како квалитетна композиција, а Мартинијан на оргинален начин и во негов стил се претстави не само пред охридската публика, туку и пред поширокиот аудиториум со оглед на фактот дека фестивалот беше интернационален и пренесуван во скоро сите балкански земји.

Искрено пред се ми беше важно како публиката ќе ја прифати новата песна, а потоа се останато. Посебно ми беше мило што на една од охридските плажи „Тело од тело“ силно ечеше од звучниците – вели Мартинијан за Кумановски Муабети.

Тој вели дека е задоволен од постигнатото и ќе продолжи и натаму да ја усовршува својата кариера.

Инаку вечерва Мартинијан ќе настапи на 12-то издание на Тамбурашкиот фестивал во својот роден град, а веќе за неколку дена го очекува и настап на штипската „Пастрамалијада 2016“.