Мартинијан и Ивона дел од новата сезона на „Ѕвездите на гранд“

Сподели со своите пријатели

Мартинијан Кириловски и Ивона Јовановиќ од Куманово ќе бидат дел од новата сезона на „Ѕвездите на гранд“ кој треба да започне во втората половина на септември.

Двајцата млади уметници нема да бидат дел од аудицијата која ќе се одржи во просториите на „Канал 5“ телевизија, туку директно ќе заминат на натпреварувањето во Белград. Тие веќе имаат искуство во натрепварувања од ваков тип. И двајцата веќе беа дел од „Ѕвездите на гранд“. Мартинијан имаше настап и во српското издание на „Х Factor“, а Ивона во шоуто „На иста адреса“.

Во меѓувреме настапуваа низ Куманово и Македонија, а сега ги полнат батериите за претстојното натпреварување. Влегуваат со повеќе искуство за разлика од претходно, па затоа и очекувањата им се поголеми.

Редакцијата на Кумановски Муабети им посакува многу успех и ќе бидеме тука да го следиме секој нивен чекор во професионалната музичка кариера.