Марјан Јанески – МВП на петтото коло во БИБЛ лигата

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово продолжуваат со извонредни игри во БИБЛ лигата, откако во вторникот славеа победа против бугарскиот Берое со 82-72.

Марјан Јанески беше најзаслужен за задржување на непобедливоста на кумановчани во БИБЛ лигата по првите пет кола и поради тоа беше прогласен и за МВП на петтото коло.

27-годишниот гостиварчанец имаше ефект од 26 поени и 9 скока, за поминати 38 минути на паркетот. Тој исто така забележа и 5 асистенции и имаше импресивен индекс рејтинг од 34 поени.