Марихуана пронајдена кај Авганистанец во Куманово

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Н. (23) од Кабул – Авганистан, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот на точно неутврден датум од непознато лице неовластено набавил наркотична дрога заради продажба и на 03.08.2017 година, во с.Лојане при извршен преглед кај истиот пронајдени се 64,9 грама наркотична дрога „марихуана“.