Mанифестацијата „Дедо Мраз на мотор“ ќе го разбуди новогодишниот дух во градот

Сподели со своите пријатели

Манифестацијата „Дедо Мраз на мотор“ по девети пат во петок ќе го разбуди новогодишниот дух во Куманово.

Организатори на манифестацијата и оваа година се членовите од Мото клуб „Мечки“ кои најпрвин ќе бидат на градскиот плоштад во 12 часот каде ќе се дружат со најмладите кумановци, а час потоа ќе однесат новогодишни пакетчиња во Дневниот центаар за лица со посебни потреби.

Во меѓувреме „новогодишните дедовци“ со своите мотори ќе продефилираат низ централното градско подрачје, а воедно ги повикуваат сите моторџии кои до сега не учествувале во оваа акција да станат дел од истата и да го збогатат новогодишниот дух во градот.

 

Loading...